Застапеноста на христијанското образование во европските земји

2018-06-20T10:45:06+00:00 29 октомври, 2017|Публикации|

Предавање на Семинар: ХРИСТИЈАНСКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЕВРОПА, 29 октомври 2017 лето Господово

Д-р Анета Јовковска, професор по предметот „Христијанска педагогија“, „Методика на религиската настава“, „Дидактика“ и „Библиско и светоотечко учење за воспитувањето“ при Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“, Скопје

Во повеќето европски земји запознавањето со религиите, учењето за религиите или религиозното образование е дел од наставната програма на јавните училишта (со исклучок на Албанија и Франција). Деталните наставни програми за предметот се разликуваат од земја до земја.

Сите модели и пристапи кон религиското образование имаат своја историја и „биографија“ и се резултат на сложени настани под влијание на религискиот пејзаж на земјите, улогата и вредноста на религијата во општеството, структурата на образовниот систем и односот помеѓу државата и црквите и верските заедници. Сето горенаведено треба да се земе предвид за да се разбере природата на религиското образование во секоја европска земја.

Фактори кои влијаат на религиското образование во европските земји

  • Религиозниот пејзаж на земјата
  • Улогата и вредноста на религијата во општеството
  • Структурата на образовниот систем, неговата историја и политика.

Во земјите каде што доминира католичко население (на пример: Италија, Шпанија, Португалија и Полска) католицизмот е длабоко вграден во културата. Секако дека религиското образование ќе има влијание врз тоа.

Дури и ако законските регулативи ја гарантираат слободата на вероисповедта, што е факт во Италија, Шпанија и Португалија, доминацијата на една религија е очигледна во културата и општеството. Ова е причината зошто малите протестантски цркви во Италија не ја користат законската можност да обезбедат религиско образование за нивните ученици во училиштата.

Доминацијата на католицизмот негува отпор против било кој друг вид на религиско образование во училиштата. Во Полска малобројната Евангелска црква го критикуваше католичкото мнозинство за користење на нивното влијание во државните училишта, но сега тие постигнаа договор со владата кој им овозможува да обезбедат религиско образование во областите каде што живеат нивните верници.

Таму каде што има мешана верска средина (како на пример во Германија, Холандија или Швајцарија), постои католичко и протестантско религиско образование во државните училишта.

Онаму, пак, каде што има строга поделба на државата и религијата (Франција е екстремен пример за тоа), религијата нема место во државните училишта. Но, факт е дека Франција има одредени области (Алзас и Лорена) со добро развиени приватни католички училишта каде што 20% од вкупниот број на ученици во Франција изучуваат религиозни предмети. Сепак, и во Франција во последниве неколку години започна сериозна дискусија за потребата од религиозно образование во училиштата. Наставниците станаа сѐ повеќе свесни за тоа дека учениците не ја разбираат доволно историјата и уметноста, па и францускиот јазик без основно познавање на религијата. Исламот има сѐ поголемо влијание врз француското општество. Затоа беа развиени иницијативи кои ќе обезбедат можности  религиското образование да се вклучи во соодветни теми од различни предмети во наставата која се спроведува во државните училишта.

Исто така и во други земји односот помеѓу државните и приватните училишта влијае на статусот на религиското образование. Мнозинството од 2/3 од сите училишта во Холандија се христијански училишта, а 1/3 од училиштата имаат неутрален статус според религијата и погледот на светот. Сѐ повеќе родители чии деца учат во училиштата со неутрален статус бараат опции за воведување на религиското образование кои потоа ги обезбедува Реформираната црква или Хуманистичката Унија.

Два главни пристапи кон религиското образование во Европските земји

Ако ја запоставиме потребата за специфичен опис, грубо може да разликуваме два главни модели на религиското образование во европските земји:

  • Модел на запознавање со религиите (неконфесионален модел) и
  • Конфесионален модел.[1]

Онаму каде што религиското образование е конфесионално ориентирано мора да се нагласи дека ваквиот пристап не е разбран како последица на мешање на црквата во државните работи или како доминантна религија. Наместо тоа, се смета за остварување на државната неутралност и индивидуалната слобода и правото за религиозно изразување. Државата не треба да влијае на содржината на наставниот предмет, туку да биде неутрална во поглед на религиската слобода и погледот на светот.

Конфесионалниот модел, како што е на пример во јужниот дел на Европа, делумно во Швајцарија, Австрија, Белгија, Германија, Централна и Источна Европа, нуди различни видови на верско образование. Така на пример, во Австрија, Белгија и делумно во Германија религиското образование не е ограничено само на католичката или протестантската веронаука, но тоа вклучува и православно, еврејско, муслиманско, будистичко и други форми на верско образование. Во многу случаи постои можност да се избере и алтернативен предмет како што е етика или филозофија.

Правото на ученикот да се откаже од изучувањето на религиското образование

Повеќето земји со приод на неконфесионално религиско образование (на пример: Данска, Шведска, Норвешка, Шкотска) не дозволуваат право на ученикот да се откаже од изучувањето на овој предмет, иако во некои други европски земји ваквото право им е дадено на религиозните малцинства (на пример Турција).

Основните цели на ваквиот начин на организирање на религиското образование се да се пренесат основните познавања и разбирања за религиите. Неутралноста на државата и правото на верска слобода треба да се гарантира и со овој пристап. Но, во овој случај, сепак начинот е поинаков отколку кога станува збор за конфесионално религиско образование.

Наставната програма за предметот се прави единствено под авторитет на државата. Целта не е учениците да бидат неутрални во однос на вредностите, туку да бидат неутрални во однос на светогледот, вклучувајќи го и религиозниот светоглед. Од оваа перспектива, ваквата неутралност гарантира дека овој модел на религиско образование е подеднакво прифатлив за сите деноминации и религии.

Цели на религиското образование во европските земји

Различните пристапи на религиското образование имаат и различни цели:

  • Религиското образование кое е конфесионално ориентирано има фокус на формирање на идентитетот на учениците во однос на верската димензија.
  • Неконфесионалното религиско образование повеќе се однесува на познавање и разбирање на религиските учења.

Некои примери на целите на религиското образование од различни земји:

Религиското образование треба:

  • Да им овозможи на учениците да постигнат знаење и разбирање за религиите со посебен осврт кон христијанството, како и другите главни религии во земјата и честото влијание на овие религии во животот на луѓето и општеството;
  • Да придонесе за духовниот и морален развој на учениците;
  • Да развие свест кај учениците за фундаменталните прашања за животот;
  • Да ги поттикне учениците да истражуваат, размислуваат, оценат и да дадат одговори на таквите прашања во светло на големите светски религиски учења и етички традиции;
  • Да промовираат почитување на правата на другите луѓе кои имаат различни верувања од нивните.[2]

Да му се даде на ученикот многубројно и идеолошко образование, на таков начин што ученикот:

  • Ќе се запознае со сопствената деноминација и религија и нејзиното културно наследство со цел да се здобие со мотивација за да формира личен поглед кон животот;
  • Проучувајќи ги другите религии и системи на вредности и верувања, ученикот треба да се стекне со почитување на луѓето кои носат различни убедувања и да коегзистира со нив во мултикултурно општество;
  • Да развие етички одговорен однос кон животот за да може да избере сопствени вредности, да преземе одговорност за иднината и да влијае врз одлуките донесени во општеството.[3]
  • Учениците да станат осетливи за религиозните значења и прашањата поврзани со религиското учење;
  • Да се оспособат за етички одговорен живот;
  • Да се стекнат со религиозни знаења и религиозно искуство.[4]

Слични цели на религиското образование во европските земји

Кога ги споредуваме целите на религиското образование од различни национални контексти, можеме да најдеме одредени сличности. Многу наставни програми на религиското образование во целите вклучуваат:

  • Учениците да се запознаат со прашањата од значење на различните светски погледи и религии;
  • Да им се овозможи на учениците да ги разјаснат сопствените вредности и да дадат причини за нив;
  • Да ги поттикне учениците да ги доведат во прашање сопствените етички одлуки.

Шематски приказ на застапеноста на религиското образование во Европа

Земја Приод кон религиското образование Изборен или задолжителен предмет Алтернативни предмети на РО Наставни програми Забелешка
Австрија Конфесионално: религиските заедници кои се регистрирани од страна на државата (15) задолжителен предмет нема соработка: држава – религиозни заедници Главно конфесионално РО
Албанија Нема религиско образование Конфесионално РО во некои верски приватни училишта
Англија и Велс Неконфесионално: Христијанска традиција и светски религии задолжителен предмет нема LEA – Здружение од претставници на религиозните заедници, професори и политичари Мултирелигиозен пристап
Белгија Конфесионално: религиските заедници кои се регистрирани од страна на државата; регулирано на локално ниво задолжителен и изборен предмет

РО/Етика

има Религиозни заедници 52% Католички училишта
Белорусија Постоело РО во некои училишта
Босна и Херцеговина Конфесионално: Исламско, католичко, православно, јудаистичко и адвентистичко РО задолжителен и изборен предмет Различно е регулирано во делови од Федерацијата и во Република Српска Планирано е да се воведе нов предмет: Култура на религиите
Бугарија Конфесионално:

Православно РО

изборен предмет Воведен 1996 во основните училишта и 1999 во средните училишта
Германија Конфесионално: евангелистичко, католичко, делумно исламско, јудаистичко и православно РО задолжителен предмет

(постојат исклучоци)

Етика/ Норми и вредности

Филозофија

Соработка: држава – црква Исклучоци: Берлин, Бремен, Бранденбург

*Наставникот по РО мора да добие одобрение од црквата

Грузија Конфесионално изборен предмет ? Грузиската православна црква планира да започне РО
Грција Конфесионално: православно, исламско задолжителен предмет Делумно Православната црква/Исламската заедница Најголем број посетуваат православно РО
Данска Неконфесионално: Во основните училишта главно евангелистичко и лутеранско РО, другите конфесии мора да бидат вклучени во средно училиште задолжителен предмет од шесто одделение до факултет нема Одделот за образование и локалните образовни авторитети предложени од асоцијацијата на професори по РО
Естонија Конфесионално изборен предмет ? РО со барање на родителите Главно лутеранска традиција; Неколку христијански училишта со РО се повторно отворени
Ирска Конфесионално: римо-католичко Задолжителен предмет нема црквата Доминација на католичкиот школски систем
Исланд Неконфесионално: Христијанство, религиска наука и етика Задолжителен предмет нема Државата во соработка со црквите 93% Протестанти
Италија Конфесионално: римо-католичко Изборен предмет: Етика/Религија нема црквата Главно римо-католичко РО. Потребно е запишување за РО
Кипар Конфесионално:

Православно РО

Задолжителен предмет Наставна програма од Грција 77% Православни

18% Муслимани

Латвија Конфесионално: римокатоличко, лутеранско изборен предмет Етика Дел лутеранско РО, дел римокатоличко
Литванија Конфесионално изборен и задолжителен предмет: Морално образование со РО или етика Етика Религиозните заедници 75% Католици
Луксембург Конфесионално изборен и задолжителен предмет има Само католичко РО
Македонија Конфесионално: главно православно и ислам изборен предмет: Етика во религиите Историја на религиите и Култура на европските цивилизации Министерството за образование во соработка со црквите и верските заедници
Малта Конфесионално: римокатоличко изборен предмет Само католичко РО – сите училишта се католички
Молдавија Православни руси се мнозинство
Норвешка Неконфесионално: Христијанство со религија и морална филозофија задолжителен предмет нема Државата Нова наставна програма од 1997
Полска Конфесионално изборен предмет Етика Црквата
Португалија Конфесионално изборен предмет има Религиското образование е воведено од 1986
Романија Конфесионално: православно, протестантско  римокатоличко РО изборен предмет ? црквите Религиското образование е воведено од 1998
Русија Делумно конфесионално изборен предмет ? не е регулирано РО е воведено од 1990 и се изучува само по иницијатива на родителите
Словачка Конфесионално: католичко, протестантско РО изборен предмет нема црквите
Словенија
Турција Исламски инструкции задолжителен предмет Само исламско РО, дозволено е да не присуствуваат на часовите учениците кои не се муслимани
Украина Конфесионално: православно, протестантско РО изборен предмет Уставот од 1996 ги обезбедува правата на независните училишта, меѓу кои и за слободно РО
Унгарија Конфесионално изборен предмет планиран е алтернативен предмет црквите Задолжителен предмет во црковните училишта
Финска Конфесионално: лутеранско и православно РО задолжителен предмет хуманистичка етика Соработка: држава – црква Главно лутеранско РО

97% од учениците изучуваат

Франција Само во Алзас и Лорена: лутеранско, реформирано католичко и јудаистичко РО нема РО освен во Алзас и Лорена) Не е регулирано (должност е на црквите) Освен во Алзас и Лорена: „Култура на религиите“ е во план да се воведе
Холандија Христијанските цркви, Еврејската и Исламската верска заедница, хуманисти задолжителен предмет

(во сите црковни училишта)

нема Христијанските училишта 2/3 од сите училишта се христијански. Во основно училиште задолжително е поучувањето за духовноста
Хрватска Конфесионално:

Католичко и исламско РО

изборен предмет Религиозни заедници 76% Католици
Чешка Конфесионално: сите регистрирани религиозни заедници изборен предмет нема Религиозни заедници
Швајцарија Во принцип конфесионално РО и неконфесионална Библиска наука изборен/Задолжителен предмет Црквите / регионалната самоуправа Наставните програми се регулирани од кантонската самоуправа (има 26 кантони)
Шведска неконфесионално задолжителен предмет нема Соработка помеѓу црквата и државата 99% од учениците изучуваат РО
Шкотска Неконфесионално; конфесионално единствено во римокатоличките училишта задолжителен предмет нема Државата, а во христијанските училишта црквата и државата 99% од учениците изучуваат РО
Шпанија Конфесионално: римокатоличко РО изборен предмет има црквите Само католичко РО, има само неколку протестантски училишта

 

Од поглед на религиските вредности, што се однесува до религиското образование во европските земји, може да се заклучи дека постои тенденција практиката да се приближува и покрај различните „теории“. Ова може да се подвлече со зголемување на свеста за односот на учениците кон религијата, нивната индивидуална верска практика, нивната верска припадност и потреба.

  1. Придонес на формалното образование во Република Македонија во градењето на меѓурелигиска и меѓуетничка толеранција помеѓу учениците

Покрај низата проекти кои се спроведуваат во училиштата вон наставните активности и со посредство на невладините организации, во Македонија од 2010 година, како изборни предмети во наставата од шесто одделение основно училиште воведени се предметите Етика во религиите и Запознавање на религиите.

Предметот Етика во религиите ја изучува етиката како наука за доброто и моралот; заедничките принципи на религиските учења (православното христијанско учење, исламот, јудаизмот, католичкото и евангелско-методистичкото учење). Како следни содржини во рамките на овој предмет учениците имаат можност да изберат да ја изучуваат етиката на една од религиите што се најзастапени во Република Македонија. Ваквиот распоред на содржините и активностите создава основа секој ученик да се запознава со етиката и моралните вредности на наведените религии.

Како цели на предметот Етика во религиите во програмата се наведуваат следниве:

Ученикот/ученичката да се запознае со етиката како наука за доброто и моралот;  да се запознае со етиката на православното христијанство, исламот, католицизмот, јудаизмот и етиката на евангелско-методистичкото учење; да се запознае со основните етички поими на религиите;  да усвои основни знаења од Библијата, Куранот, Талмудот и начините на нивното читање и разбирање; да сознае дека религијата ги поучува луѓето да го прифаќаат и почитуваат хуманото однесување меѓу луѓето; да се запознае и почитува различните религии на граѓаните во македонското општество и да развива вештини за толеранција, дијалог, почитување и соработка со другите (Наставна програма по предметот Етика во религиите, 2010).

Наставата по предметот Запознавање на религиите им овозможува на учениците да се запознаат со вредностите на големите светски религии, како и со самата природа на религијата, со нејзините почетоци и со нејзиното значење за човекот воопшто. Цели на наставата се:

Ученикот/ученичката да се запознае со важноста и значењето на религијата во животот на човекот; да се запознае со причините и почетоците за појавување на религиите како и нивната функција; да се запознае со фактот дека нема речиси ниту една човечка заедница во која не постојат одредени елементи на религиозни верувања и практики; да се запознае со доминантните религии во современиот свет; да се запознае со природата и вредностите на различните религии; да научи да ги почитува различните религии; да ја запознае улогата на религиите во современиот свет и да развие способности и вештини за водење дијалог и соработка со различниот од себе (Наставна програма по предметот Запознавање на религиите, 2010).

Колку се постигнати целите од овие предмети во текот на наставата до сега не е истражувано, затоа се поставува следниот проблем на истражувањето: Дали наставата од предметите Етика во религиите и Запознавање на религиите придонесуваат за зголемено почитување на различните религии од страна на учениците и развива ли кај нив вештини на толеранција, дијалог, почитување и соработка со учениците од друга етничка и религиозна припадност?

Методологија на истражувањето

Хипотезата на истражувањето гласи:

Н: Учениците на иста возраст се разликуваат по однос на изразеното почитување на различните религии и развиени вештини на толеранција, дијалог, почитување и соработка со учениците од друга етничка и религиозна припадност во зависност од тоа дали следат или не следат настава од предметот етика во религиите.

Популација и примерок: Истражувањето е спроведено во Февруари 2014 година на примерок од 357 испитаници во четири основни училишта од Скопје: „Ј. Х. Песталоци“ (66 ученици), „Х. Т. Карпош“ (55 ученици), „Братство“ (85 ученици) и „Хасан Приштина“ (152 ученици) (види Табела 1).

Табела 1. Распределеност на испитаниците според основното училиште во кое учат
 

Основно училиште

Фреквенции Проценти Валидни проценти Кумулативни проценти
ОУ „Песталоци“ 66 18,4 18,4 18,4
ОУ „Карпош“ 55 15,4 15,4 33,8
ОУ „Братство“ 85 23,7 23,7 57,5
ОУ „Х.Приштина“ 152 42,5 42,5 100,0
Вкупно 358 100,0 100,0

 

Предметна популација: Ученици од шесто и седмо одделение основно училиште во Р. Македонија

Достапна популација: Ученици од македонска националност, шесто и седмо одделение основно училиште кои следат настава по предметот етика во религиите; ученици од македонска националност, шесто и седмо одделение основно училиште кои следат настава по предметот запознавање на религиите; ученици од албанска националност, шесто и седмо одделение основно училиште кои следат настава по предметот етика во религиите; ученици од албанска националност, шесто и седмо одделение основно училиште кои следат настава по предметот запознавање на религиите.

Во оваа прилика беше користен пригоден примерок на ученици кои беа присутни на часовите кога се спроведе теренското истражување.

Учениците беа анкетирани со помош на скала која содржи 24 ајтеми изработена од авторот на истражувањето на македонски јазик за учениците од македонска националност и на албански јазик за учениците од албанска националност. Со скалата се утврдува односот на учениците кон различните од нив според националноста и религиската припадност. Ученикот заокружува еден од четирите понудени одговори, како на пример: а) апсолутно е точно  б) понекогаш е точно в) ретко е точно и г) воопшто не е точно. Одговорите се бодуваат со 5,4,2 и 1 бод. Секое не одговорено прашање се смета како „не знам“ или „не сум сигурен како да одговорам“ и се бодува со 3 бода. Максимумот бодови на скалата изнесува 120, а минимумот бодови изнесува 24.

Добиените резултати од теренското истражување статистички се обработени со SPSS програмот. Пресметани се фреквенции, проценти, аритметичка средина, стандардна девијација и еднонасочна Анализа на варијанса (ANOVA). Парцијалните споредби се направени со помош на Bonferroni post-hoc тестот. Во табелите што следуваат прикажани се резултатите со кои се проверува вистинитоста на поставената хипотеза Н, според која учениците на иста возраст се разликуваат по однос на изразеното почитување на различните религии и развиени вештини на толеранција, дијалог, почитување и соработка со учениците од друга етничка и религиозна припадност во зависност од тоа дали следат или не следат настава од предметот етика во религиите. Регистрираната разлика е статистички значајна на ниво 0.05 (p<0.05).

Резултати

Со истражувањето беа опфатени вкупно 358 ученици: 50,8% се машки, а 49,2% се женски. Возрасната група на учениците е единаесет години (56,7%) и дванаесет години (43,3%). Ученици од македонска националност се 46,1%, а ученици од албанска националност се 53,9%. Од вкупниот број на испитаници 48,9% го изучуваат наставниот предмет етика во религиите. Од нив 30,7% се Македонци и 18,2% се Албанци. Наставниот предмет запознавање на религиите го изучуваат 51,2%. Од нив 15,4% се Македонци, а 35,8% се Албанци (види Табела 2,3,4 и 5).

Табела 2. Распределеност на испитаниците според полот
 

Пол

Фреквенции Проценти Валидни проценти Кумулативни проценти
машко 182 50,8 50,8 50,8
женско 176 49,2 49,2 100,0
Вкупно 358 100,0 100,0
Табела 3. Распределеност на испитаниците според возраста
 

Години

Фреквенции Проценти Валидни проценти Кумулативни проценти
11 203 56,7 56,7 56,7
12 155 43,3 43,3 100,0
Вкупно 358 100,0 100,0
Табела 4. Распределеност на испитаниците според национална припадност
Национална припадност Фреквенции Проценти Валидни проценти Кумулативни проценти
Ученици од македонска националност 165 46,1 46,1 46,1
Ученици од албанска националност 193 53,9 53,9 100,0
Вкупно 358 100,0 100,0
 

Табела 5. Распределеност на испитаниците според изборниот предмет кој го изучуваат

 

Изборен предмет

Фреквенции Проценти Валидни проценти Кумулативни проценти
Ученици од македонска националност кои изучуваат Етика во религиите 110 30,7 30,7 30,7
Ученици од македонска националност Запознавање на религиите 55 15,4 15,4 46,1
Ученици од албанска националност кои изучуваат Етика во религиите 65 18,2 18,2 64,2
Ученици од албанска националност кои изучуваат Запознавање на религиите 128 35,8 35,8 100,0
Вкупно 358 100,0 100,0

 

Постои статистички значајна разлика помеѓу групите испитаници на вкупниот резултат од прашалникот. Учениците кои го изучуваат предметот етика во религиите имаат повисок резултат на целокупниот прашалник со статистичка значајност од учениците кои го изучуваат предметот запознавање на религиите (види Табела 6). Со тоа хипотезата се потврдува.

Табела 6. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на вкупниот резултат на прашалникот

Вкупен резултат на прашалникот (F = 20,167  p = ,000)

 

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 111,7364 8,28249 ,78970
Запознавање на религиите 55 105,7818 11,80347 1,59158
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 111,0308 9,64846 1,19674
Запознавање на религиите 128 101,8906 12,43138 1,09879
вкупно 358 107,1732 11,53745 ,60977

 

На прашањето дали секој ученик треба да биде почитуван како личност без оглед на неговата способност, талент, пол, раса, култура, традиција, социјална положба, национална, верска припадност и слично, постои статистички значајна разлика помеѓу групите испитаници. Учениците од македонска националност кои одговориле позитивно на ова прашање се со статистичка значајност повеќе од учениците од албанска националност кои одговориле позитивно на прашањето (види Табела 7).

Табела 7. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на ајтемот: почитување на секој ученик

1 ајтем: почитување на секој ученик 

(F = 19,857  p = ,000)

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 4,85 ,539 ,051
Запознавање на религиите 55 4,71 ,567 ,076
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 3,77 1,529 ,190
Запознавање на религиите 128 4,61 ,924 ,082
вкупно 358 4,55 1,002 ,053

 

На прашањето дали ученикот треба да се грижи и да придонесува во градењето на позитивни односи со сите ученици врз основа на другарството, нема статистички значајна разлика во одговорите на групите испитаници (види Табела 8).

Табела 8. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на ајтемот: позитивни односи со сите ученици

2 ајтем: позитивни односи со сите ученици

(F = 2,254  p = ,082)

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 4,82 ,609 ,058
Запознавање на религиите 55 4,62 ,707 ,095
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 4,85 ,667 ,083
Запознавање на религиите 128 4,63 ,905 ,080
вкупно 358 4,72 ,755 ,040

 

На прашањето дали е дозволено ученикот да користи навредливи и непристојни зборови кон учениците кои се различни од него по религиозна или национална припадност, постои статистички значајна разлика помеѓу групите испитаници. Учениците од македонска националност и учениците од албанска националност кои го изучуваат предметот етика во религиите и кои одговориле негативно на ова прашање се со статистичка значајност повеќе од учениците од албанска националност кои го изучуваат предметот запознавање на религиите и кои одговориле негативно на прашањето (види Табела 9).

Табела 9. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на ајтемот: користење навредливи зборови кон различните

3 ајтем: користење навредливи зборови кон различните

(F = 5,148  p = ,002)

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 4,85 ,633 ,060
Запознавање на религиите 55 4,76 ,637 ,086
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 4,74 ,973 ,121
Запознавање на религиите 128 4,37 1,380 ,122
вкупно 358 4,65 1,037 ,055

 

На прашањето дали ученикот треба да другарува со ученици кои се со различна национална и религиска припадност од неговата, постои статистички значајна разлика помеѓу групите испитаници. Учениците кои го изучуваат предметот етика во религиите се со статистичка значајност повеќе од учениците кои го изучуваат предметот запознавање на религиите (види Табела 10).

Табела 10. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на ајтемот: треба ли да се другарува со различните?

4 ајтем: треба ли да се другарува со различните?

(F = 6,256  p = ,000)

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 4,65 1,001 ,095
Запознавање на религиите 55 4,20 1,325 ,179
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 4,71 1,027 ,127
Запознавање на религиите 128 4,05 1,557 ,138
вкупно 358 4,37 1,307 ,069

 

На прашањето дали ученикот се дружи со другари од различна национална и религиска припадност од неговата, постои статистички значајна разлика помеѓу групите испитаници. Учениците од македонска националност и учениците од албанска националност кои го изучуваат предметот етика во религиите се со статистичка значајност повеќе од учениците од албанска националност кои го изучуваат предметот запознавање на религиите (види Табела 11).

Табела 11. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на ајтемот: дружење со различните

5 ајтем: дружење со различните

(F = 13,279  p = ,000)

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 4,75 ,735 ,077
Запознавање на религиите 55 4,64 ,868 ,117
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 4,65 1,007 ,125
Запознавање на религиите 128 3,88 1,607 ,142
вкупно 358 4,40 1,239 ,065

 

На прашањето дали ученикот пристојно се однесува со учениците кои се од различна национална и религиска припадност од неговата, постои статистички значајна разлика помеѓу групите испитаници. Учениците кои го изучуваат предметот Етика во религиите се со статистичка значајност повеќе од учениците кои го изучуваат предметот запознавање на религиите, а кои одговориле негативно на ова прашање (види Табела 12).

Табела 12. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на ајтемот: пристојно однесување кон различните

6 ајтем: пристојно однесување кон различните

(F = 10,362  p = ,000)

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 4,65 ,962 ,092
Запознавање на религиите 55 4,18 1,467 ,198
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 4,43 1,287 ,160
Запознавање на религиите 128 3,68 1,707 ,151
вкупно 358 4,19 1,453 ,077

 

На прашањето дали ученикот им помага на учениците кои не се од иста национална и религиска припадност како неговата, постои статистички значајна разлика помеѓу групите испитаници. Учениците од македонска националност се со статистичка значајност повеќе од учениците од албанска националност (види Табела 13).

Табела 13. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на ајтемот: помагање на различните

7 ајтем: помагање на различните

(F = 2,683  p = ,047)

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 4,75 ,756 ,072
Запознавање на религиите 55 4,69 ,814 ,110
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 4,57 1,185 ,147
Запознавање на религиите 128 4,38 1,281 ,113
вкупно 358 4,58 1,066 ,056

 

На прашањето дали треба да се комуницира со учениците кои се од различна национална и религиска припадност од нашата, постои статистички значајна разлика помеѓу групите испитаници. Учениците од македонска националност и учениците од албанска националност кои го изучуваат предметот Етика во религиите се со статистичка значајност повеќе од учениците од албанска националност кои го изучуваат предметот Запознавање на религиите (види Табела 14).

Табела 14. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на ајтемот: комуницирање со различните

8 ајтем: комуницирање со различните

(F = 3,759  p = ,011)

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 4,75 ,795 ,076
Запознавање на религиите 55 4,60 ,974 ,131
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 4,66 1,050 ,130
Запознавање на религиите 128 4,29 1,387 ,123
вкупно 358 4,54 1,121 ,059

 

На прашањето дали секоја религија во своето учење вклучува етички или морални принципи за добро однесување, постои статистички значајна разлика помеѓу групите испитаници. Учениците кои го изучуваат предметот етика во религиите се со статистичка значајност повеќе од учениците кои го изучуваат предметот запознавање на религиите (види Табела 15).

Табела 15. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на ајтемот: сите религии имаат етички принципи

9 ајтем: сите религии имаат етички принципи

(F = 4,031  p = ,008)

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 4,75 ,815 ,078
Запознавање на религиите 55 4,25 1,236 ,167
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 4,74 ,923 ,115
Запознавање на религиите 128 4,44 ,105 4,23
вкупно 358 4,56 1,061 ,056

 

На прашањето дали постои еден морален закон запишан во сите религии кој учи дека треба да ги почитуваме сите луѓе во светот, нема статистички значајна разлика во одговорите на групите испитаници (види Табела 16).

Табела 16. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на ајтемот: еден морален закон за почит кон сите

10 ајтем: еден морален закон за почит кон сите 

(F = 2,033  p = ,109)

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 4,93 ,422 ,040
Запознавање на религиите 55 4,76 ,719 ,097
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 4,92 ,444 ,055
Запознавање на религиите 128 4,76 ,811 ,072
вкупно 358 4,84 ,639 ,034

 

На прашањето дали добродетелите се важни за секого и се подеднакво ценети и вреднувани во сите религии и во сите општества, постои статистички значајна разлика помеѓу групите испитаници. Учениците кои го изучуваат предметот етика во религиите се со статистичка значајност повеќе од учениците кои го изучуваат предметот запознавање на религиите (види Табела 17).

Табела 17. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на ајтемот: добродетелите се важни и ценети секаде

11 ајтем: добродетелите се важни и ценети секаде

(F = 9,233  p = ,000)

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 4,68 ,877 ,084
Запознавање на религиите 55 4,40 1,047 ,141
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 4,91 ,551 ,068
Запознавање на религиите 128 4,14 1,373 ,121
вкупно 358 4,49 1,102 ,058

 

На прашањето дали сме должни да ги почитуваме вредностите на луѓето кои се различни од нашите вредности, постои статистички значајна разлика помеѓу групите испитаници. Учениците кои го изучуваат предметот етика во религиите се со статистичка значајност повеќе од учениците кои го изучуваат предметот запознавање на религиите (види Табела 18).

Табела 18. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на ајтемот: почит на вредностите на различните од нас

12 ајтем: почит на вредностите на различните од нас

(F = 5,405  p = ,001)

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 4,70 ,711 ,068
Запознавање на религиите 55 4,51 ,879 ,119
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 4,95 ,372 ,046
Запознавање на религиите 128 4,45 1,149 ,102
вкупно 358 4,63 ,895 ,047

 

На прашањето дали е најважно да се однесуваме со почит и разбирање кон другите без разлика на разликите кои постојат помеѓу нас, постои статистички значајна разлика помеѓу групите испитаници. Учениците кои го изучуваат предметот етика во религиите се со статистичка значајност повеќе од учениците кои го изучуваат предметот запознавање на религиите (види Табела 19).

Табела 19. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на ајтемот: почит кон сите – најважно правило за живот во заедница

13 ајтем: почит кон сите – најважно правило за живот во заедница 

(F = 3,705  p = ,012)

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 4,78 ,682 ,065
Запознавање на религиите 55 4,51 ,979 ,132
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 4,92 ,510 ,063
Запознавање на религиите 128 4,61 ,907 ,080
вкупно 358 4,70 ,804 ,042

 

На прашањето дали разликите нè прават посебни и делуваат да се изградиме во личности со различни карактерни особини, постои статистички значајна разлика помеѓу групите испитаници. Учениците кои го изучуваат предметот етика во религиите се со статистичка значајност повеќе од учениците кои го изучуваат предметот запознавање на религиите (види Табела 20).

Табела 20. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на ајтемот: сите ние сме различни еден од друг и затоа посебни

14 ајтем: сите ние сме различни еден од друг и затоа посебни

(F = 8,108  p = ,000)

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 4,34 1,322 ,126
Запознавање на религиите 55 4,09 1,456 ,196
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 4,95 ,372 ,046
Запознавање на религиите 128 3,98 1,567 ,139
вкупно 358 4,28 1,369 ,072

 

На прашањето дали ученикот избира за пријатели ученици од различна национална и верска припадност од неговата, постои статистички значајна разлика помеѓу групите испитаници. Учениците кои го изучуваат предметот етика во религиите се со статистичка значајност повеќе од учениците кои го изучуваат предметот запознавање на религиите (види Табела 21).

Табела 21. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на ајтемот: пријателство со различните

15 ајтем: пријателство со различните

(F = 11,727  p = ,000)

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 4,63 ,937 ,089
Запознавање на религиите 55 4,44 1,214 ,164
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 4,89 ,504 ,062
Запознавање на религиите 128 3,92 1,585 ,140
вкупно 358 4,39 1,254 ,066

 

На прашањето дали секој ученик е должен да избегнува секаква прилика, која би можела да биде повод за верски расправи и непријателство, постои статистички значајна разлика помеѓу групите испитаници. Учениците од македонска националност се со статистичка значајност повеќе од учениците од албанска националност (види Табела 22).

Табела 22. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на ајтемот: избегнување на конфликтни ситуации

16 ајтем: избегнување на конфликтни ситуации

(F = 11,209  p = ,000)

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 4,27 1,374 ,131
Запознавање на религиите 55 3,95 1,520 ,205
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 3,28 1,949 ,242
Запознавање на религиите 128 3,10 1,826 ,161
вкупно 358 3,62 1,749 ,092

 

На прашањето дали луѓето се должни пријателски да се однесуваат кон сите луѓе, како кон тие што имаат друга вероисповед, така и кон оние кои не се верници, постои статистички значајна разлика помеѓу групите испитаници. Учениците од македонска националност и учениците од албанска националност кои го изучуваат предметот етика во религиите се со статистичка значајност повеќе од учениците од албанска националност кои го изучуваат предметот запознавање на религиите (види Табела 23).

Табела 23. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на ајтемот: пријателски однос кон луѓето со друга вера

17 ајтем: пријателски однос кон луѓето со друга вера

(F = 10,927  p = ,000)

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 4,79 ,651 ,062
Запознавање на религиите 55 4,49 ,998 ,135
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 4,57 1,250 ,155
Запознавање на религиите 128 3,93 1,568 ,139
вкупно 358 4,40 1,252 ,066

 

На прашањето дали сите религии во светот го поддржуваат дијалогот и верското разбирање помеѓу сите народи, постои статистички значајна разлика помеѓу групите испитаници. Учениците кои го изучуваат предметот етика во религиите се со статистичка значајност повеќе од учениците кои го изучуваат предметот запознавање на религиите (види Табела 24).

Табела 24. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на ајтемот: дијалог помеѓу религиите

18 ајтем: дијалог помеѓу религиите

(F = 3,535  p = ,015)

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 4,65 ,737 ,070
Запознавање на религиите 55 4,22 1,083 ,146
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 4,69 ,934 ,116
Запознавање на религиите 128 4,36 1,278 ,113
вкупно 358 4,49 1,055 ,056

 

На прашањето дали религиите се против оние кои го нарушуваат достоинството на човековиот живот и оние кои постапуваат спротивно на сите морални вредности, нема статистички значајна разлика во одговорите на групите испитаници (види Табела 25).

Табела 25. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на ајтемот: религиите против нарушување на човековото достоинство

19 ајтем: религиите против нарушување на човековото достоинство 

(F = ,855  p = ,465)

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 3,65 1,726 ,165
Запознавање на религиите 55 3,36 1,544 ,208
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 3,48 1,905 ,236
Запознавање на религиите 128 3,84 2,531 ,224
вкупно 358 3,64 2,057 ,109

 

На прашањето дали сите луѓе во светот, без разлика на нивната религија, раса, национална припадност, боја на кожата, вероисповед се достојни за почит и достоинство, постои статистички значајна разлика помеѓу групите испитаници. Учениците кои го изучуваат предметот етика во религиите се со статистичка значајност повеќе од учениците кои го изучуваат предметот запознавање на религиите (види Табела 26).

Табела 26. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на ајтемот: сите луѓе се достојни за почитување

20 ајтем: сите луѓе се достојни за почитување 

(F = 4,990  p = ,002)

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 4,93 ,294 ,028
Запознавање на религиите 55 4,73 ,827 ,111
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 4,98 ,124 ,015
Запознавање на религиите 128 4,65 ,985 ,087
вкупно 358 4,81 ,706 ,037

 

На прашањето дали ученикот пронаоѓа време и за оние кои не припаѓаат на неговото друштво и се различни од него, постои статистички значајна разлика помеѓу групите испитаници. Учениците кои го изучуваат предметот етика во религиите се со статистичка значајност повеќе од учениците кои го изучуваат предметот запознавање на религиите (види Табела 27).

Табела 27. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на ајтемот: имање време за оние кои не се дел од моето друштво

21 ајтем: имање време за оние кои не се дел од моето друштво

(F = 3,107  p = ,027)

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 4,35 1,097 ,105
Запознавање на религиите 55 4,04 1,333 ,180
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 4,66 1,079 ,134
Запознавање на религиите 128 4,15 1,506 ,133
вкупно 358 4,29 1,302 ,069

 

На прашањето дали сме должни да покажеме солидарност, хуманост и сочувство кон сите луѓе, без разлика на националната и религиската припадност, нема статистички значајна разлика во одговорите на групите испитаници (види Табела 28).

Табела 28. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на ајтемот: солидарност, хуманост и сочувство кон сите

22 ајтем: солидарност, хуманост и сочувство кон сите

(F = 2,296  p = ,077)

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 4,83 ,522 ,050
Запознавање на религиите 55 4,75 ,645 ,087
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 4,92 ,510 ,063
Запознавање на религиите 128 4,66 ,951 ,084
вкупно 358 4,77 ,724 ,038

 

На прашањето дали сме должни да им помогнеме на сиромашните дури и ако се тие од различна национална и верска припадност од нашата, постои статистички значајна разлика помеѓу групите испитаници. Учениците од албанска националност кои го изучуваат предметот етика во религиите се со статистичка значајност повеќе од учениците од македонска националност и учениците од албанска националност кои го изучуваат предметот запознавање на религиите (види Табела 29).

Табела 29. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на ајтемот: помош на сите сиромашни без разлика на нивната вера и националност

23 ајтем: помош на сите сиромашни без разлика на нивната вера и националност

 (F = 4,024  p = ,008)

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 4,51 1,047 ,100
Запознавање на религиите 55 4,51 1,183 ,159
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 4,83 ,720 ,089
Запознавање на религиите 128 4,41 1,226 ,108
вкупно 358 4,48 1,102 ,058

 

На прашањето дали сме должни да се приклучиме кон солидарна акција кога им е потребна помош на луѓе од различна национална и религиска припадност од нашата, постои статистички значајна разлика помеѓу групите испитаници. Учениците кои го изучуваат предметот етика во религиите се со статистичка значајност повеќе од учениците кои го изучуваат предметот запознавање на религиите (види Табела 30).

Табела 30. Разлики помеѓу групите испитаници во однос на ајтемот: приклучување кон солидарни акции и за различните од нас

24 ајтем:  приклучување кон солидарни акции и за различните од нас

(F = 4,258  p = ,006)

Националност Нас. предмет N M SD SE
Ученици од македонска националност Етика во религиите 110 4,87 ,431 ,041
Запознавање на религиите 55 4,73 ,732 ,099
Ученици од албанска националност Етика во религиите 65 4,95 ,276 ,034
Запознавање на религиите 128 4,63 ,921 ,081
вкупно 358 4,78 ,685 ,036

 

Дискусија за резултатите

Според добиените резултати од анкетирањето, учениците кои го изучуваат предметот етика во религиите имаат поголемо изразено почитување кон различните религии и поразвиени вештини на толеранција, дијалог, почитување и соработка со учениците од друга етничка и религиозна припадност, отколку учениците кои го изучуваат предметот запознавање на религиите.

Учениците кои го изучуваат предметот етика во религиите имаат поголема изразеност на позитивните ставови кон различните од учениците кои го изучуваат предметот запознавање на религиите и тоа по однос на следниве прашања: некористење на навредливи зборови кон различните; другарување и пријателство со различните; пристојно однесување кон различните; комуникација со различните; свест за тоа дека сите религии имаат развиени етички принципи и дека сите луѓе се достојни за почитување; свест за тоа дека добродетелите се важни и ценети насекаде; почитување на вредностите на луѓето од различна национална и верска припадност; свест за тоа дека луѓето се разликуваат едни од други и затоа се посебни; учениците се согласуваат дека почитувањето на сите луѓе е најважно правило за живот во заедница; негуваат пријателски однос кон луѓето од друга вера и го сметаат за потребен дијалогот помеѓу религиите; се трудат да најдат време и за оние ученици кои не припаѓаат на нивниот потесен круг на пријатели и покажуваат поголема солидарност кон различните.

Учениците од албанска националност кои го изучуваат предметот етика во религиите покажуваат најголема солидарност кон сиромашните без разлика на верската и националната припадност, отколку што таквата солидарност е присутна кај останатите групи на испитаници.

Учениците од албанска националност кои го изучуваат предметот запознавање на религиите покажаа најниски резултати на анкетата по однос на сите прашања.

Учениците од македонска националност имаат поизразено почитување кон учениците без разлика на способноста, талентот, полот, расата, културата, традицијата, социјалната положба, националната и верската припадност отколку учениците од албанска националност. Тие имаат поразвиена совест за помагање на различните и за комуникација со различните; повеќе избегнуваат ситуации кои би можеле да бидат повод за верски расправи и непријателство.

Нема значајна разлика во ставовите на учениците по однос на следниве прашања: дали ученикот треба да се грижи и да придонесува во градењето на позитивни односи со сите ученици врз основа на другарството; дали постои еден морален закон запишан во сите религии кој учи дека треба да ги почитуваме сите луѓе во светот; дали религиите се против оние кои го нарушуваат достоинството на човековиот живот и оние кои постапуваат спротивно на сите морални вредности и дали сме должни да покажеме солидарност, хуманост и сочувство кон сите луѓе, без разлика на националната и религиската припадност.

Од добиените резултати може да се заклучи дека предметот етика во религиите повеќе придонесува за почитување на различностите и развивање на вештините за толеранција кај учениците од основно училиште, отколку предметот запознавање на религиите. Сепак, треба да се земат предвид и другите фактори кои можат да влијаат на ваквите резултати, како на пример квалитетот на учебниците од кои се учи, односот на наставниците кои ги предаваат овие предмети, околината која ги опкружува учениците и слично.

Заклучок:

Земајќи ги предвид резултатите од теренското истражување, може да се заклучи дека изборниот предмет етика во религиите повеќе придонесува за постигнување на ваквите цели отколку изборниот предмет запознавање на религиите. Со оглед на тоа што меѓуетничките конфликти и меѓурелигиската нетрпеливост се чести појави помеѓу учениците од средно образование, се препорачува ваквите содржини да се дел од наставната програма и во повисоките одделенија од основното образование, како и во средното образование.

Според наше мислење, формата на религиското образование, која ги изложува ваквите квалитети за подобро разбирање на религискиот плурализам и која дава можност да се изучуваат религиозните вредности, вклучувајќи ги и вредностите на мирот, треба да биде достапна за сите ученици опфатени со образовниот систем каде што младите луѓе од било која верска припадност или без верска припадност комуницираат едни со други. Религиското образование може да биде поле за истражување на човечките вредности во однос на јазиците на религијата или може да стане „лабораторија за мировно образование“. Таквите пристапи на религиското образование, се разбира, бараат наставници кои се добро обучени во изучувањето на религиите. За да се постигнат овие цели од голема важност се и позитивните залагања на невладиниот сектор кој работи на полето на неформалното образование.

Литература

Абетова, В.А. (2007). Толерантность и мир этнического. Мысль. Алматы. № 7. 29 – 35.

Alexander, M. G., Brewer, M. B., & Livingston, R. W. (2005). Putting stereotype content in      context: Image theroy and interethnic stereotypes. Personaity and Social Psychology Bulletin,14, 781-793.

Aosved, A. C., & Long, P. J. (2006). Co-occurrence of rape myth acceptance, sexism, racism, homophobia, ageism, classism, and religious intolerance. Sex Roles, 55, 481-492.

Артемьев, А.И., Цепкова, И.Б., Маульшариф, М.М. (2009). Этноконфессиональная толерантность в Казахстане. Алматы: Гылым, 428.

Арынгазин, К.М. (2005). Введение в смысловую педагогику. Караганда: Изд-во КРУ, 410.

Augoustinos, M., & Walker, I. (1998). The construction of stereotypes within social psychology: From social cognition to ideology. Theory Psychology, 8 (5), 629-652.

Bosakov, V. (2006). Bulgarian Turks in the context of neighborhood with other ethnic-religious communities in Bulgaria. International Journal of Social Language, 179, 29-40.

Brinkerhoff, M. B., & Jacob, J. C. (1994). Racial, ethnic, and religious social distance in Surinam: An exploration of the ‘strategic alliance hypothesis’ in a Caribbean community. Ethnic and Racial Studies, 17(4), 636-631.

Verkuyten, M., & Slooter, L. (2007). Tolerance of Muslim beliefs and practices: Age related differences and context effects. International Journal of Behavioral Development, 31(5), 467-477.

Гершунский, Б.С. (1998). Философия образования. Флинта, 432.

Greenwald, A. G., McGhee, D.E., & Schwartz, J.L.K. (1998). Measuring individual differences in implicit cognition: The implicit association test. Journal of Personality and Social Psychology, 74 (6), 1464-1480.

Григоренко, А.Ю. (2006) Проблема толерантности сквозь призму культурной антропологии и социологии. Религиозная толерантность. Историческое и политическое измерения. Красикова, А.А. и Токаревой, Е.С. (Ур.). Academia, 64 – 72.

Гуренкова, Т.Д. (2008). Проблемы формирования толерантности в сфере этноконфессиональных отношений северного города: социологический анализ (на материалах города Сургута Ханты-Мансийского автономного округа — Югры). Необјавена докторска дисертација). Российская академия государственной службы при Президенте Российской Федерации, Москва, 168.

Декларација за деполитизација на образованието, мултиетничка толеранција и ненасилна комуникација. (2009). Министерство за образование и наука на Република Македонија. Достапно на: http://mon.gov.mk/index.php/novosti/309-ddo1.

Димитровска-Асим, Ф. (2013). Проект за меѓуетничка толеранција на ОУ “Крсте П. Мисирков“ од Бистрица. Достапно на: http://bitolainfo.setaliste.com.mk/javni-ustanovi/obrazovanie/osnovni-ucilista/362-proekt-za-meguetnicka-tolerancija.

Конша, М. (2004). Какая философия нужна завтра. Философия и общество. № 2. 175-185.

Merino, S. M. (2010). Religious diversity in a „Christian nation“: The effects of theological exclusivity and inter-religious contact on the acceptance of religious diversity. Journal for the Scientific Study of Religion, 49(2), 231-246.

Moore, L.M., & Ovadia, S. (2006). Accounting for spatial variation in tolerance: The effects of education and religion. Social Forces, 84(4), 2205-2222.

Наставна програма за предметот етика во религиите. (2010). Биро за развој на образованието на Република Македонија. Достапна на http://bro.gov.mk/docs/izborni_predmeti/Etika%20vo%20religiite%20konechna%20verzija.pdf.

Наставна програма за предметот запознавање на религиите. (2010). Биро за развој на образованието на Република Македонија. Достапна на http://bro.gov.mk/docs/izborni_predmeti/ZAPOZNAVANJE_SO_RELIGIITE.pdf.

O’Meara, N. and Koehler, S. (2011). The Cult around the Corner: A Handbook on Dealing with Other People’s Religions. Create Space Independent Publishing Platform, 88.

Oakes, P., Haslam, S.A., & Turner, J.C. (1994). Stereotyping and Social Reality. Oxford: Blackwell.

Ожегов, С.И. (2008). Словарь русского языка: ок. 53000 слов / Скворцова Л.И. (Ур.). Оникс: Мир и образование.

Петроска-Бешка, В, Најчевска, М., Кениг, Н., Балажи, С. и Томовска, А. (2009). Студија за мултикултурализмот и меѓуетничките односи во образованието. Канцеларија на УНИЦЕФ, Скопје, 140.

Russo, C. J. (2014). International Perspectives on Education, Religion and Law (Routledge Research in Religion and Education). Routledge, 242.

Руффини, Ф. (1995). Религиозная свобода. История идеи. ИВИ РАН, 145.

Schweitzer, F. (2006). Let the captives speak for themselves! More dialogue between religious education in England and Germany. British Journal of Religious Education. Volume 28, Issue 2, 2006.

Schweitzer, F. (2008). Religious individualization: new challenges to education for tolerance. Peace Education and Religious Plurality: International Perspectives. Jackson, R. and Fujiwara, S. (Ed.). Routledge, New York, 87-100.

Сухомлинский, В.А. (1973). О воспитании. Издат. Политической Литературы, 269.

Толерантность. (2004). Мчедлов М.П. (Ур.). ISBN: 5-250-01874-2. Республика, 416.

Хэммени, Л.Дж. (1996). Религиозная традиция и границы толерантности. Человек: образ и сущность. Толерантность и архитектоника эмоций. ИНИОН, 90.

Friedmann, Y. (2006). Tolerance and Coercion in Islam: Interfaith Relations in the Muslim Tradition (Cambridge Studies in Islamic Civilization). Cambridge University Press, 248.

Шрейдер, Ю.А. (1999). Ценности, которые мы выбираем. Эдиториал УРСС, 208.

Эверс, К. (2001). О природе толерантности. Алматы: Конфликтологический центр, 39.

Weissberg, R. (2008). Pernicious Tolerance: How Teaching to Accept Differences Undermines Civil Society. Transaction Publishers, 183.

[1] Диференцирањето на конфесионален и неконфесионален модел се однесува на содржината на наставната програма на религиското образование, која главно е во надлежност на црквите и верските институции во соработка со државата, или, пак, само на државата кога станува збор за неконфесионалниот модел.

[2]Наставна програма за религиско образование, Англија, Манчестер, мај 1996.

[3]Рамковна наставна програма за Високата средна школа, Финска, 1994, стр.87.

[4]Здружение на протестантски и католички наставници по етика во религиите, Наставна програма, Германија Виртемберг, 1997.